×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фени Индустри во петок гостува во Куманово

    04.02.2016 17:27 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово ја продолжуваат битката во домашното првенство и борбата за подобра позиција на табелата. Во петок во Спортската сала гостува тимот на Фени Индустри.

    Фени Индустри во петок гостува во Куманово

    Ова е трет натпревар на овие две екипи а победа веројатно би значело и предност на домашен терен во евентуланото понатамошно разигрување. Страшо Тодоровиќ дебитираше оваа сезона токму против Фени кога ја забележа и првата победа. Куманово со шест победи по ред во лигата е фаворит на мечот, но искусниот тим на Фени не смее да се потцени.

    Мислам дека сме фаворити пред натпреварот дека на домашен терен сите знаеме како игра Куманово ова е еден од тие натпревари што зависи од нас самитекако ќе влеземе во натпреварот така ќе биде и крајниот исход. Тубак е огромен играч не е само висок туку е и конкурентен нормално е да прави проблем во рекетот таквите луѓе треба да се спречат да влезат во рекетот ако влезат или е кош или е фаул. Враговиќ е добар играч кој има искуство и во АБА лигата и мислам дека е најдобриот играч во Фени и наш скаутинг е да се спречи неговиот шут за 3 и 2 поена - изјави Александар Костовски, плејмејкер на КК Куманово.

    Тренерот Страшо Тодоровиќ се надева на нова седма победа по ред во првенството и одлепување од Фени со три бода на табелата.

    Идеме чекор по чекор, шест чекори истрчавме седмиот се надевам дека со помош на домашната публика и Кумани ќе го истрчиме и седмиот чекор и да извојуваме една победа. Фени ни одговара има добри играчи што македосски што странци мислам дека со добра одбрана и културно навивање ќе ги добиеме, - вели Страшо Тодоровиќ тренер на КК Куманово.

    Натпреварот се игра во петок во 19 часот во Спортската сала во Куманово.