Фергусон има 75 милиони фунти за трошење
13.01.2010 12:41
| KumanovoNews
Алекс Фергусон тренерот на Манчестер Јунајтед на располагање ќе има 75 милиони фунти во зимскиот преоден период како би ја засилил екипата, а на власниците да им помогне да ги привлечат инвеститорите.
Сер Алекс веројатно никогаш не би можел да ги потроши познатите 90 милиони по продажбата на Кристијано Роналдо но оваа зима ќе се посвети на купување играчи. „Мирор“ јавува дека омразеното семејство Глејзер во Манчестер е во нови долгови и позајмиле пари за Ферги да може да состави подобар тим и да продолжи да ја брани титулата, а воедно и да ги охрабри инвеститорите.