Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот Филип Наковски од утре ќе учествува на првенство во Лоу Кик кое ќе се одржи во Тешањ во Босна и Херцеговина.
Тој ќе се натпреварува во категоријата до 86 килограми, а на турнирот оди преку Македонската кик-бокс федерација како победник на последното државното првенство одржано во Скопје, заедно со сите останати победници во своите категории на тој турнир.
Се спремавме доста напорно, а последната недела Филип има пореклаксиран тренинг за да може да биде одморен за првенството. На турнирот ќе земат учество шестотини натпреварувачи од Балканските земји. Ние знаеме за какави натпреварувачи станува збор, а знаеме дека и најдобрите кик-боксери доаѓаат од Балканот - изјави Сашо Илиевски, тренер во КБК Куманово 2006.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски му посака успех на Наковски на престојниот турнир.
Локалната самоуправа директно учествува во подршка. Тоа не се големи средства онака како оди во распоред на со програма на сојуз на спортови и општината се вклучува со логистика сега му посакуваме среќа успех на нашиот сограѓанин - вели Зоран Дамјановски, градоначалник на општина Куманово.