×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Форца“ од Куманово на чекор до шампионската титула во футсал

    19.03.2024 14:14 | Оливера Пешевска

    Футсал екипата „Форца“ од Куманово на три кола пред завршетокот на официјалното првенство е на чекор да ја освои шампионската титула во Македонија.

    „Форца“ од Куманово на чекор до шампионската титула во футсал

    Тие досега имаат 15 победи од исто толку натпревари, но очекуваат и учинок 18 од 18 и максимален број на поени до крајот на шампионатот.

    Во текот на целата 2023/2024 сезона тимот е доминантен на теренот, без проблем надигрувајќи ги деветте противници во лигата.

    „За прв пат по 27 години како е формирана националната лига за натпреварување во мал фудбал титулата ќе ја освои кумановски тим. Во екипата се искусни професионалци, половина од тимот настапува и за репрезентацијата, па и од почетокот имавме фаворитска позиција за остварување на голем успех на домашното првенство. Постигнувањето е позначајно затоа што сега обезбедивме и излез на европската сцена, во УЕФА футсал натпреварувања кои со нетрпение ги очекуваме“, истакна Валдрим Мифтари, претседател на клубот.

    Во клубот настапуваат - Драган Петровиќ, Таулант Исмаили, Кристијан Јовановски, Иван Крстевски, Зоран Левески, Харис Омеровиќ, Мартин Тодоровски, Берат Рамадани, Артан Емини, Иван Стојановски, Ергин Шерифи, Леарт Демири, Јасир Зекири, Илир Елмази и Ерол Далип. Тимот го тренира Газменд Хисеини.

    Во последните три години клубот тренира во отежнати услови, а салата која ја користи кога игра на домашен терен е во Липково. Со нетрпение очекуваат да се направи Спортската сала во Куманово и не се сомневаат дека ќе ја исполнат со публика, која несомнено ќе ги поддржи.

    „Сакаме да играме во наша сала, пред наша публика на домашен терен. Салата во Липково нема голема капацитет, а замислете само што ќе покажеме кога ќе не бодрат навивачите. Но, се чини дека портската сала нема да биде завршена уште најмалку 6 месеци“, истакнува претседателот Мифтари.

    Со титулата клубот се стекнува со право да оргазнизира натпревари на домашен терен, но ќе мора да обезбеди сместување и сала за тренирање на три странски тима кои би ги пречекал. Затоа стручниот штаб на екипата размислува натпреварувањата да ги пријави и да се обиде да ги организира во Скопје, во периодот од 20 до 25 август ова година.

    Футсал екипата „Форца“ од Куманово своето функционирање го должи на приватни спонзори, средства во висина од 300 илјади денари од општинскиот Сојуз на спортови и ваучери од Агенцијата за млади и спорт.