Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на македонската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Норвешка во Јуно во Осло.
Тимот на Чедомир Јаневски закажа уште еден пријателски натпревар со уште еден Скандинавси тим. По победата со 3:0 над Данска, Македонија ќе се сретне со Норвешка во Осло на 11-ти Јуни, јавуваат норвешките медиуми. Овој натпревар го пишува и на официјалната страна на FIFA.com.
Следните натпревари на Македонија се на 22-ри март кога во Скопје гостува екипата на Белгија, а по четири дена, ние одиме во Белгија. Двата меча се за групната фаза за квалификации на Светското првенсто во 2014.
Македонија до сега има одиграно два меча со Норвешка, во Скопје мируваа мрежите на двата тима, додека во Норвешка загубивме со 2:1. Двата натпревара беа за време на квалификациите за Светското првенство во 2010-та.