Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од ОУ “Јероним Де Рада“ од Черкезко село ќе учествуваат на Балкански турнир во Албанија, откако победија на републичкиот натпревар во фудбал во Скопје на 18 мај. Балканскиот турнирот ќе се одржи на 26 јуни во Драч.
Очекувам да ја претставиме нашата држава Република Македонија на Балканскиот турнир во фудбал во најдобро светло и се надеваме дека со учениците ќе се вратиме со прво место и од таму. Горд сум на достигнувања на учениците и на големиот труд кој го вложија професорите.-вели м-р Хакик Јахији, директор на училиштето.
Учениците од “Јероним Де Рада“ освоија повеќе награди во изминатиот период. На фудбалскиот турнир по повод „ 7 Март „ денот на учителот во Општина Липково освоија прво место. На општинскиот натпревар во фудбал - машки во Куманово меѓу 16 училишта освоија прво место. Во Ранковци и Кочани беа први во конкуренција на по 4 екипи. Со таа ја обезбедија титулата шампиони на Македонија во училишен фудбал. За успесите најголема заслуга имаат професорите Ружди Селмани, Расим Демири , Мемет Бајрами и Хафуз Рамадани.