Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одбојкарскиот клуб Куманово заедно со Сити волеј Славков од Скопје со заеднички сили ќе учествуваат во Сениорската државна лига.
Фузираниот состав ќе го носи името СВСК, што е скратеница од Сити Волеј Славков и Куманово. Дебитанскиот натпревар на новоформираниот клуб ќе се одигра во сабота.
Би сакале да го потенцираме овој момент бидејќи за прв пат во спортската историја на нашиот град Куманово ќе се игра женска одбојка на највисоко ниво - во сениорска конкуренција. Искрено се надеваме дека нашиот повеќегодишен труд, стрплива и професионална работа на управата, тренерите и играчите, ќе бидат надополети со Вашето присуство на натпреварите, навивање и бодрење на заедничкиот клуб - изјавија од ОК СВСК.
Првиот натпревар СВСК ќе го одиграат против реномираната екипа на Македонија Макс од Струмица. Натпреварот ќе се игра во салата на Економското училиште со почеток во 16:00.