Голема победа на Бал фор Лајф против МЗТ Скопје
27.03.2017 18:30
| KumanovoNews
Кошаркарите на Бал фор Лајф останаа непоразени на одмашен терен, и успејаа да го победат тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Конечен резултат на мечот беше 89-85.

Бал фор Лајф стартуваше фуриозно, впрочем како на секој натпревар на домашен терен и направи предност од 14 поени во првиот период. Противникот не се предаде, и се врати во натпреварот по што следуваше неизвнесен меч. Филип Стојановски со 29 поени беше најдобар поединец на мечот.
Бал фор Лајф ја забележа деветтата победа во лигата, и има одлична позиција пред старт на третиот круг, каде сите тимови ќе одиграат уште еден натпреавар меѓусебно.