×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот ги прими кошаркарите на „Бал фор лајф“

    09.06.2017 15:31 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска го прими стручниот штаб на кошаркарскиот клуб „Бал фор лајф“(Топка што живот значи), кои влегоа во Втората кошаркарска лига.

    Градоначалникот ги прими кошаркарите на „Бал фор лајф“

    На средбата вети подршка се во интерес и развој на спортот.

    „Големи честитки на клубот и тренерот Стефан Николиќ, кој успеја екипата да ја внесе во Втората кошаркаска лига. Јас ви посакувам оваа година да го повторите успехот и да влезете во Прва лига, бидејќи кошарката е еден од најпочитуваните, посетуваните и обожаваните спортови во Куманово. Градот има потреба од повеќе екипи, бидејќи љубителите на спортот сакаат кумановски играчи и затоа ја подржуваме вашата заложба. Никој не е привилегиран во спортот ако покажете подобри резултати ќе го добиете свое место и ќе бидете почитувани од локалната самоуправа“, - изјави Дамјановски.

    Тој најави дека преку Сојузот на спортови, општината од есен ќе обезбеди техничка помош, пред се сала за тренинзи, превоз и финансиска помош во граници на можностите.

    Во името на клубот се заблагодари претседателот на клубот, Дарко Петковски- Спејко.

    „Бал фор лајф“ постои 7 години, а годинава го имаме најголемиот успех влеговме во Втора лига. Тоа ни беше и целта. Многу ни значи вашата подршка и се надевам дека догодине ќе славиме поголем успех, влез во Прва лига. Работиме и на развој на малди таленти, имаме и женска екипа, сакаме по толку години да ја развиеме женската кошарка во Куманово, - изјави Петковски.

    Спортската академија „Бал фор лајф“ ќе работи на развој и на другите спортови.