Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шампионот од УС Опен во 2009 година, Хуан Мартин дел Потро ја освои титулата од турнирот во сала во Ротердам со награден фонд од 1.58 милиони евра.
Вториот носител на турнирот, Дел Потро го победи Французинот Џулиен Бенето со 7:6 (2), 6:3 за 1 час и 37 минути игра. Аргентинецот се поздрави со својата прва титула во сезоната и вкупно 14-та во неговата кариера.
Дел Потро стана првиот претставник на земја по 31 година кој го освоил трофејот во Ротердам. За последен пат тоа направи Гилермо Вилас.
Бенето имаше 14 аса во финалниот дуел - за еден повеќе од минатогодишниот финалист на турнирот, но тоа не беше доволно дури и да освои сет. Во првиот дел Французинот стигна до предност од 2:0, но противникот од Аргентина ги освои следните четири гејма. При 5:4 Дел Потро допушти брејк, но во тајбрејкот победи со 7:2.
Во вториот сет носителот на Гренд Слем титулата од САД, поведе со 3:0, а подоцна и со 5:2, а до крајот на средбата двајцата ги добија своите сервис гејмови. Така Дел Потро го постигна својот прв успех во Ротердам, откако во 2012. година го загуби финалето од Роџер Федерер.
Минатогодишниот шампион изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето од Бенето.