Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Игокеа е победникот на турнирот „Раснеме заедно“ кој изминатиот викенд се одржа во Куманово.
Тие во финалниот дуел одиграа подобро од тимот на Кош од Сараево, победувајки ги со резултат 57:45. Третото место на турнирот го завзема тимот на Цедевита која во последната четвртина надохнади 15 поени негатива против тимот на МЗТ Скопје и триумфираа со резултат 64:61.
Најдобар играч на турнирот беше Дејан Павловиќ од Игокеа.
Поминаа неколку дена и успеавме да ги сумираме импресиите од седмиот турнир кој се одржа минатиот викенд. Мислам дека имавме квалитетни екипи, на програмата се одиграа квалитетни натпревари и што е најбитно тимовите на Игокеа, Кош и Цедевита покажаа како треба да излгеда една младинска селекција и дека нивните успеси не се случајни. Ние како клуб сме презадоволни како помина овој настан - изјави Бојан Златковски, директор на клубот.
Златковски додава дека во иднина продолжуваат со своите редовни активности, односно настапот во Третата кошаркарска лига, младинските лиги и одигрување на меѓународни натпревари.