Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Димитрис Диамантидис (Панатинаикос), Василис Спанулис (Олимпијакос), Руди Фернандез (Реал Мадрид), Анте Томиќ (Барселона) и Ненад Крстиќ (ЦСКА Москва) - ова е Идеалната петорка на сезоната во Евролигата.
Илјадници фанови и новинари ги избраа најдобрите кошаркари на Стариот континент, неколку дена пред почетокот на Финалната четворка.
Диамантидис, Спанулис и Крстиќ беа во Идеалниот состав и минатата година, додека за Томиќ и Руди тоа е прв избор во престижната петорка.
Димитрис Диамантидис вкупно четврти пат е во првиот тим, а за Спанулис и Крстиќ ова е втор пат. Спанулис на три пати бил во вториот најдобар состав.
Втората идеална петорка за оваа сезона го вклучува Милош Теодосиќ (ЦСКА Москва), Хуан Карлос Наваро (Барселона), Виктор Хријапа (ЦСКА Москва), Никола Миротиќ (Реал Мадрид) и Шон Џејмс (Макаби Тел Авив). Наваро влегува во еден од двата идеални состави по рекорден седми пат во кариерата.
Најкорисен играч (МВП) на Евролигата ќе биде објавен на официјалната церемонија во четврток, со која веќе традиционално започнуваат натпреварите од “Финалната четворка“.
Оваа година на настанот ќе се одржи во Лондон.