Јубилејна мотокрос трка „Забел 2018“
27.08.2018 10:07
| KumanovoNews
Државен шампионат во мото- крос на Македонија, утре ќе се одржи на патеката во близина на манастирот Забел, Општина Старо Нагоричане.

Организатор на мото- трката е мото клуб "Меритум Тим" Скопје во соработка со Општина Старо Нагоричане.
Учесници на државниот шампионат ќе бидат возачи од Македонија, Србија, Албанија, Грција и Бугарија.
Општина Старо Нагоричане ги повикува сите жители на општината и соседните општини да присуствуваат на Дражавниот шампионат.
Трката традиционално, секоја година се организира по повод верскиот празник Голема Богородица, која е слава на манстирот Забел.
Свеченото отворање на трката е закажано во 12 часот.