Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кадетскиот состав на ЖРК Куманово игра меѓународен турнир во Бар, каде што после три натпревари се наоѓа на првата позиција на табелата и е без пораз.
Во трите одиграни натпревари, Куманово забележа три победи против тимовите на Бар, Октоих и Сарокометернас. Во сите три натпревари, младите кумановчанки победија со два гола разлика, а најефикасен поединец во тимот на Куманово е Мила Трајковиќ која во трите натпревари простигна вкупно 33 гола.
Има уште многу да се игра, моментално сме некаде на средина на турнирот. Останува да се одиграат натпреварите од групната фаза, па потоа да се бориме за што повисок пласман - изјавија од ЖРК Куманово.