×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kако Вардар ја славеше титулата во СРЦ "Кале"

    03.06.2013 09:05 | KumanovoNews

    Ракометарите на Вардар Про синоќа стигнаа до триумф во дуелот со Металург во натпреварот од последното коло од Супер лигата и со тоа ја освоија титулата шампион и воедно ја прекинаа тригодишната доминација на тимот од Автокоманда.

    Kако Вардар ја славеше титулата во СРЦ "Кале"

    Во СРЦ „Кале“ пред повеќе од 2.500 гледачи се водеше голема борба и натпреварот траеше безмалку 2 часа. Една од причините беше и 15 минутниот прекин, кога беа исклучени играчите Игор Абутовиќ (Вардар Про) и Филип Миркуловски (Металург), како и тренерот на Вардар Про Веселин Вујовиќ.

    Сметам дека заслужено победивме и дека бевме подобри на овој натпревар. Покажавме подобра игра и го победивме Металург, кој оваа сезона имаше одлична сезона во Лигата на шампионите-изјави Вујовиќ.

    „Црвено-црните“ имаа контрола над резултатот во текот на целиот натпревар, откако по 3:3 направија серија од 4:1 кога Металург не реализираше два удари од 7 метри. Потоа резултатот се движеше со предност на Вардар Про од 2-3 голови.

    Прекинот беше на една минута и 15 секунди до крајот на првиот дел, по таа ситуација Вардар Про подобро се снајде на теренот и постигна два гола.

    Во вториот дел „црвено-црните“ неуспеаја да поведат со пет голови разлика, но ниту Металург не намали на помалку од два разлика. Во таква ситуација на крајот беше 22:19, за нова титула за Вардар Про.

    Голманот Милиќ со 11 одбрани и Игор Карачиќ со 8 голови беа предводници кај Вардар Про, додека кај ослабениот Металург  Дарко Станиќ имаше 12 одбрани, а Ренато Вугринец постигна 7 голови.

    Вардар Про како шампион ќе игра во групите од Лигата на шампионите, а Металург доколку Македонија не добие „вајлд карта“ за квалификациите од ЛШ ќе игра од ЕХФ Купот.