Карпош Вардар игра против Урдаревски во второто коло
17.11.2017 11:46
| KumanovoNews
Ракометниот клуб Карпош Вардар утре го игра вториот натпревар од Јуниор лигата.

Во второто коло тие ја играат против тимот на Урдаревски. Во досегашните меѓусебни дуели, Карпош имаат забележано три победи, па се надеваат дека и по утрешниот дуел ќе останат непоразени.
Натпреварот се игра во салата Кале со почеток во 10:15.