Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот ракометен шампион Металург вчера во преполниот СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од полскиот пртеставник Киелце со 25:27 во првиот 1/4 финален дуел од ЛШ и значително ги намали шансите за пласман на завршниот турнир во Келн.
И покрај предноста од три голови што „металурзите“ ја имаа неколку пати во текот на првите 30 минути сепак гостите од Полска се изборија на пауза да отидат со нерешен резултат 13:13.
Во второто полувреме Киелце во 40 минута водеше со 18:16, а во 47-та имаше и плус четири (21:17). До крајот домашниот тим одигра поборбено и успеа да ја преполови предноста на Киелце.Металург настапи ослабен без неколку повредени ракометари.
Најефикасни во Металург беа Наумче Мојсовски со шест и Ренато Вугринец со пет погодоци.