Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб „Куманово“, почнува со напорни подготовки за пријателските натпревари против екипите од Србија и Романија, кои ќе игра наредниот месец, пред почетокот на сезоната.
Првиот натпревар се очекува да се одигра на 4. септември. Додека пак на 10. септември во Куманово ќе гостува екипата на "Здравје" од Лесковац, а на 14. септември нашата екипа ќе учествува на турнирот во истоимениот град.
Исто така, во Србија во Алексинац, КК Куманово, ќе одигра пријателски натпревар со прволигашите на градот, а на 22 и 25. септември ќе одигра уште два натпревари во Србија.
Пред крајот на октомври, КК Куманово заминува на турнир во Крајова (Романија), а потоа ќе продолжи со интензивни подготовки за почетокот на сезоната.