KK Kуманово го победи Вардар на гостински терен
03.02.2020 12:05
| KumanovoNews
Во последниот натпревар од 14 коло, во рамките на Првата кошаркарска лига, Куманово го победи Вардар на гостински терен со резултат од 89:85.

Иако во првото полувреме Вардар поведе со резултат од 48:40, Куманово успеа со одлична игра во второто полувреме да постигне победа.
Од екипата на Куманово најуспешни беа: Горјан Марковски со 25 поени и Марјан Јанески со 19 кошеви.