×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК Куманово: МКФ ги брани непринципиелните барања на странските играчи

    15.03.2017 12:16 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Куманово преку соопштение се огласи по одлуката на МКФ да го раскине договорот помеѓу клубот и Данило Мијатовиќ, кој треба да продолжи да настапува за МЗТ Скопје.

    КК Куманово: МКФ ги брани непринципиелните барања на странските играчи

    Одкако дел од играчите се повредија, Џош Скот го напушти тимот своеволно, МЗТ Скопје се активираше пред истекот на предониот рок пред се, да створи тим кој би можел да се спротистави на компактноста на Карпош Соколи оваа сезона. На МЗТ се приклучи Душан Катниќ од белградски Динамик, а за Данило Мијатовиќ КК Куманово бараше оштета. Мијатовиќ поднел барање за раскинување на договорот кое подоцна било и усвоено од Македонската кошаркарска федерација. Како образложение се наведени нередовноста на платите и осигурувањето по што била донесена одлука за раскин на договорот.

    Куманово прашува како ќе се регистрира Мијатовиќ, бидејки преодниот рок е завршен, и констатира дека МКФ лажно се бори против неиграњето на странски играчи а од друга страна целосно ги подржува непринципиелни барања.

    Реакцијата на КК Куманово ви ја пренесуваме во целост.

    СООПШТЕНИЕ

    КК Куманово е згрозен од донесената одлука на регистрациската комисија при МКФ за раскинување на договорот помеѓу КК Куманово и играчот Данило Мијатовиќ.

    Со оваа одлука МКФ и нејзините органи уште еднаш по кој знае кој пат покажуваат дека своите одлуки не ги носат врз основа на позитивни законски прописи и акти на МКФ(кои самите ги имаат донесено), туку врз основа на лични интереси на поединци и одредени клубови. Со оваа директно е нанесена штета на КК Куманово,по одпочнување на натпреварите од Супер лигата, како и пред одигрување на натпреварите од полуфиналето на BIBL лигата.

    МКФ и нејзините органи наместо да ги бранат интересите на македонските клубови кои се нејзини членки, тие застануваат во одбрана на непринципиелни барања на странски играчи,против чие играње наводно МКФ целиот изминат период лажно се бори.
    Со оваа соопштение КК Куманово сака да ја запознае целокупната македонска јавност дека оваа одлука е само почеток на безаконието кое можеме да очекуваме дека ќе продолжи, со оглед на фактот што преодниор рок за играчите е завршен на 10.03.2017г, самата одлука е донесена на 14.03.2017г.,додека играчот Данило Мијатовиќ веќе беше во составот на екипата на КК Куманово, во натпреварот од првото коло на Супер лигата против екипата на КК Кожув,кој се одигра на 11.03.2017г., што значи дека истиот повеќе ниту може да биде регистриран,ниту може да настапува за некој друг клуб во Македонија до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

    КК Куманово најавува дека во законски рок од три дена од денот на приемот на одлуката, ќе поднесе жалба до арбитражата на МКФ и воедно ќе поднесе тужба против МКФ и регистрациската комисија при МКФ ДО СПОРТСКИОТ АРБИТРАЖЕН СУД  при Македонскиот олимписки комитет,од причина што одлуката е целосно неправилна и незаконита и ваков случај не се памети во историјата на мекедонскиот спорт.

    Уште еднаш апелираме до МКФ да ја преиспита оваа своја одлука и конечно да почне да ја врши својата основна задача, а тоа е заштита на интересите на клубовите кои се нејзини членки.                                                                                            

    КК Куманово 2009