×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК „Куманово“ реагира на третманот на кумановци во Гевгелија

    20.02.2016 12:33 | KumanovoNews

     Раководството на кошаркарскиот клуб „Куманово“ реагираа на третманот на кумановската публика во Гевгелија, пред оддржувањето на кошаркарскиот натпревар Куманово- Работнички, во Купот на Македонија.

    КК „Куманово“ реагира на третманот на кумановци во Гевгелија

    Во реакцијата упатена до медиумите се вели:

    Вчера во Гевгелија се оддржаа неколку натпревари во кошарка во Купот на Македонија, во организација на КК „Кожув„ од Гевгелија и Кошаркаска федерација на Македонија.

    Во салата беше се во ред, меѓутоа пред и околу салата беше хаос.

    „Ако си од Куманово неможеш на да влезеш.„- со овие зборови беа дочекани љубителите на кошарката кои дојдоа од Куманово од обезбедувањето и редарите. Луѓето кои уредно купиле билети за натпреватрите,без навивачки обележја (бидејќи од организаторот беше кажано дека нема да ги прими навивачките групи) стоеja пред врата и им беа барани лични карти.

    Затоа прашуваме: Дали тие луѓе се со понизок статус? Дали за Кумановци треба виза? Дали нивниот град е во Македонија и зошто впрочем се игра кошарка во оваа земја? Дали таа се игра за фукционерите или за оние кои навистина се љубители на овој спорт? Како пример ќе посочиме дека во Куманово кошарката се игра за луѓето кои ја сакаат и за навивачите, но во неки клубови очигледно не е така.

    Од сетоа оваа, испраќаме реакција до сите надлежни институации, а посебно до луѓето од КФМ кои вчера и покрај нашите реакции остана неми на сите овие случувања. Бараме да ја исправаат оваа грешка и да се извинат за дискриминаторскиот и понижувашкиот однос кон сите љубители и навивачи кои вчера останаа пред спортската сала. Меѓу нив беа и членовите на управа од Куманово и градоначалникот на Куманово кои  вчера влегоа на „тајни„ влезови.

    На сите наши љубители на кошарката и граѓаните на Куманово, на кои сме горди што не подржуваат и бодрат во сите овие натпревари, им ветуваме дека со сите сили ќе се бориме да застанеме на крајот на дискриминацијата и понижувачкиот однос кон нив.

    Поради тоа денеска управниот одбор на КК „Куманово 2009„ ќе расправа и ќе ја разгледа ваквата ситуиација која во одредени спортски сали е „мода„.Исто така  ќе размисли за понатамошно учество во Купот на Македонија и Супер Лигата. Ние ја осудуваме ваквата состојба и односот кон љубителите и навивачите на кошарката од Куманово. Им се  извинуваме на сите кумнаовци кои вчера добија забрана натпреварот да го следат од трибините.

                                                                                КК „Куманово 2009„