Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошакарите на Куманово вечерва во 19 часот го играат клучниот натпревар во оваа серија против екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Актуелниот шампион со триумф става точка на оваа финале и ќе ја освои петтата последователна титула во клубската историја.
Куманово денекса има шанса да го искористи домашниот терен и да обезбеди петти натпревар на кој ќе бара мотив повеќе за освојување на првиот трофеј. Кошаркарите и денеска можат да очекуваат полни трибини како и на предходниот натпревар и силна подршка на своите навивачи.
Очигледно е дека во оваа серија, па и во полуфиналната со Соколи шутот е главен фактор за Куманово, и доколку кошаркарите проработат во тој сегмент од играта, може да очекуваме нов дуел кој би се играл во Аеродром.
Натпреварот започнува во 19 часот во Спортската сала.