×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Клучен натпревар против Торус

    11.02.2011 13:12 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово утре го играат првиот клучен натпревар од првиот дел на прволигашката сезона. Утре во Куманово гостува силната екипа на Торус од Скопје.

    Клучен натпревар против Торус

    Со победа на овој натпревар, кумановчани се на добар пат да ја остварат целта - пласман во Супер лигата, а доколку победат утре и за седум дена против Лирија тогаш сигурно се пласираат во најелитното македонско кошаркарско друштво.

    Сите присутни на последниот натпревар против Работнички добро се сеќаваат како тогаш играше Куманово, и веројатно посакуваат во такво издание да го видат и утре. Тој натпревар ги врати шансите на Куманово за висок пласман, кој пред тоа имаше бледи изданија против АБА и Лирија. Во првиот натпревар против Торус, Куманово загуби со 105:74. На тој натпревар имаше промена на плеј-мејкерската позиција кога Вукотиќ го замени Радојчиќ, па имаше помали потешкотии во организација на нападите. Тогаш Куманово одигра добро прво полувреме а играта се распадна во продолжението. И покрај високиот пораз во тој натпревар, неможат да се одземат шансите на нашиот претставник бидејки првиот натпревар се играше на почетокот на сезоната. Сепак утре е вистински тест за зрелоста и подготвеноста на нашата екипа за продолжување на првенството меѓу најквалитетните 6.

    Моменталната ситуација на табелата е премногу сложена, и борба за 5. и 6. место ќе има до последниот натпревар. Фени, Работнички и МЗТ се тројката која ја предводи лигата. Тука се приклучува и нашиот утрешен противник Торус, кој има 10 победи и 6 порази. Се наоѓа на четвртата позиција и безразлика на исходот на следните натпревари, сигурно се пласира во Супер лигата.

    АБА Струмица, Куманово и Лирија се екипите кои своето место во Супер лигата ќе го бараат до последното коло. Сите три екипи имаат 22 поена. Предност може да се смета помалата кош разлика за АБА и Куманово (-70, -74) во однос на Лирија која има кош разлика -174, па при евентуален ист број на бодови, нашата екипа е во предност.

    Сепак фактот дека утре се игра натпревар помеѓу АБА и Лирија, ја прави ситуацијата полесна за анализирање.

    Со победа на АБА, Куманово може да си дозволи пораз во еден од двата преостанати натпревари. Со победа на Лирија, Куманово би можел да загуби еден од натпреварите, но во вториот би морал да издвојува висока победа. АБА во последното коло игра против Овче Поле и доколку победи на тој натпревар би имале слична ситуација како моменталната, каде 3 екипи имаат ист број на бодови, па на распоредот би влијаела кош-разликата.

    Останатите два учесника немаат големи шанси за висок пласман. Овче Поле иако има само бод помалку од Лирија, АБА и Куманово, утре игра против Фени индустри, а потоа со АБА Струмица, па шансите веројатно ќе ги загуби уште утре. Во слична ситуација е и Ултимејт Баскет со 20 поени и утрешен натпревар против МЗТ Скопје, а во последното коло ќе забележи службена победа против Пелистер. Овие две екипи и екипата која ќе заврши како седма ќе формираат Плеј-аут лига и ќе се борат за опстанок.

    Управата на Кошаркарскиот клуб Куманово, и навивачката група Кумани ги повикуваат сите љубители на кошарката да присуствуваат во што е можно поголем број и да дадат подршка на нашата екипа во еден од најбитните натпревари за Куманово оваа сезона.