Кошаркарите на Куманово на гости кај Рилски
12.02.2013 10:49
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска од 17 часот го играат натпреварот во рамките на второто коло од топ 6 групата во балканската БИБЛ лига против бугарскиот тим Рилски во Самоков.

Иако се свесни дека ги очекува тежок дуел, во таборот на кумановчани, кои во претходното коло славеа на гостувањето во Тиват, се надеваат дека ќе успеат да го задржат чекорот со водечките на табелата Левски и Кавала, кои како и Куманово, имаат биланс од три победи и два пораза.
Колото ќе се комплетира утре со дуелите Кавала – Левски и Галил Гилбоа - Теодо.
Табела: Левски 3-2, Кавала 3-2, Куманово 3-2, Рилски Спортист 2-3, Галил Гилбоа 2-3, Теодо 2-3.