×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите не издржаа во дуелот против Соколи

    23.10.2017 13:47 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово забележаа нов пораз на домашен терен, одкако загубија од тимот на Карпош Соколи со резултат 94-83.

    Кошаркарите не издржаа во дуелот против Соколи

    Соколи беа фаворит на овој натпреваро, меѓутоа добро се изнамачија да дојдат до победата со која остануваат една од трите непоразени екипи во домашното првенство.

    Куманово играше одлично до последниот период, меѓутоа предноста доаѓаше до максимални 10 поени, и никако не успејаа да го „прекршат“ резултатот во своја полза. Во последниот период Соколи влегоа посамоуверено, Куманово неуспеја да ги реализира нападите, по што многу брзо се стопи двоцифрената предност, а подоцна и целосно се сврте натпреварот во полза на гостите.

    Немања Милковиќ и Димитрар Караџовски постигна 19 односно 18 поени на мечот за Куманово. Кај Соколи, Дарко Соколов постигна 22 поени.

    Голем недостаток на мечот беше и бојкотот на навивачката група „Кумани“ кои не навиваа на овој натпревар, барајки оставка од претседателот на клубот, па несвојствено за Куманово, во салата имаше театарска атмосфера на која очигледно Карпош Соколи се и навикнати.

    Следниот натпревар Куманово го игра во среда во БИБЛ лигата против Академик од Пловдив, на домашен терен.