Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово, вчера на гостински терен против екипата на Рилски го претрпеа првиот пораз во втората фаза од БИБЛ лигата и загубија со резултат 88:75.
Уште во првата четвртина од натпреварот противникот имаше разлика која гарантираше сигурна победа (25:18).
Кумановци сезонава играат во стилот топло-студено во БИБЛ-лигата кога се работи на средбите на домашен, односно гостински терен, со оглед на тоа што во првата фаза не загубија ниту еднаш дома, ама и не победија ниту еднаш на гости. Првата и единствена гостинска победа дебитантот во балканското натпреварување ја оствари на стартот од втората фаза, и тоа против црногорски Теодо во Тиват.
Урош Луковиќ одигра одличен меч бележејќи 26 поени и 14 скокови зад своето име, Костоски додаде 16 поени, но овие двајца кошаркари беа осамени во обидите да се стори нешто повеќе на тешкото гостување во Самоков.
Куманово има скор од три победи и три порази, со сосема реални шанси за освојување на едно од првите две места на табелата во својата група, кое што води на завршниот турнир од ова регионално натпреварување.
Следниот натпревар Куманово го игра на 27 февруари дома против Кавала.