Кошаркарите пред зацртаниот успех
19.02.2011 14:32
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре ќе го одиграат последниот натпревар Прво-лигашкиот дел од овогодинешната сезона. Противник е екипата на Лирија од Скопје.

Речиси сигурен е настапот на нашите кошаркари во Супер-лигата. Поради поразот на домашен терен кошаркарите треба да ја победат Лирија поради тоа што на табелата ќе имаат ист број на бодови, а прв ќе биде тимот што има подобар меѓусебен успех, и ќе го продолжи натпреварувањето како член од Супер - лигата. Свој настап како Суперлигаши обезбедија АБА Струмица, Торус, Работнички, МЗТ и Фени Индустри.