Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре и гостуваат на екипата на Пелистер.
Минатото коло со победата над Кожув, кумановчани успеаа да стигнат на четвртата позиција на табелата, оставајки го зад себе Гостивар кој забележа пораз од Работнички.
Тимот на Пелистер се наоѓа на десеттата позиција на табелата со 5 победи и 13 порази. Куманово се наоѓа во одлична форма, редовно ја оправдува фаворитската улога, а воедно е и тврд орев за фаворитите, па не би требало да има изненадувања на утрешниот меч.
Со победа, Куманово би можел бргу да стигне на поделба и на третата позиција, доколку МЗТ Скопје загуби во градското дерби од засега напоразениот Работнички.
Утрешниот натпревар започнува во 18 часот.