Кошаркарите во Бугарија ќе ја бараат првата победа во годината
24.01.2017 11:46
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска играат натпревар од БИБЛ лигата против тимот на Берое од Бугарија.

Кумановчани сеуште немаат победа во новата година, и на два пати загубија од екипата на Кожув. Гевгеличани беа поуспешни и во вториот натпревар од „двомечот“ одигран изминатиот викенд со резултат 80-69.
Ова е натпревар кој директно решава за лидерот на табелата, имајки впредвид дека двата тима имаат учинок од 6-3.
Натпреварот се игра во Бугарија и започнува во 17 часот.