Мени

Кошаркарите започнаа со подготовките

15.01.2010 17:21 | KumanovoNews

Кошаркарите на КК Куманово започнаа со подготовките за пролетниот дел од сезоната. Со 18 играчи меѓу кои и нови три засилувања  со кои е потпишан договор, тренерот Димитријевиќ е спремен кон освојување на пласман во Прва лига-мажи.

Кошаркарите започнаа со подготовките

Од одиграни 15 кола во првиот дел од првенството КК Куманово 2009 е на првото место на табелата со вкупно 12 победи и 3 порази.

Со овој фонд на играчи и со помош на стопанствениците од градот ќе успееме во остварувањето на целта зацртана за оваа година а тоа е освојување на едно од првите две мест во Втората лига што автоматски значи и пласман во Прва лига - рече претседателот на клубот Александар Владевски.

Тие ја сметаат оваа година за доста успешна бидејќи  се први на табелата по 15  одиграни кола, а исто така имаа и организирано турнир во кошарка по повод 11-ти Ноември, Денот на ослободување на Куманово.

На овој турнир учествуваа 4 екипи од Р. Македонија на кој Куманово го освои второто место веднаш зад екипата на Вардар 2000.

Кошаркарите се надеваат дека ќе добијат поголема финансиска помош од љубителите на спортот и ќе се потрудат заедно да ја вратат кошарката во Куманово на местото кое го заслужува.

И.И.