Мени

Кошаркарките стартуваат со натпревар во Купот

05.01.2010 00:23 | KumanovoNews

Кошаркарките на Куманово, оваа сезона ќе ја започнат со натпреварување во Купот на Македонија.

Кошаркарките стартуваат со натпревар во Купот

Натпреварот ќе се одигра на 16 Јануари во Спортската сала - Куманово против екипата на Младинец од Скопје. Наредниот ден кумановки ќе ја одиграат реванш средбата во Скопје.

Останати двојки за квалификација на Куп наптревеварите се:

  • Пелистер - Билјана 006,
  • Вод. Лисици - Нарконон Балкан

Екипата на Вигор скопје како првопласирана, директно се пласира во финалниот турнир, каде ги пречекува победниците од останатите натпревари.

Завршницата на Купот ќе биде одиграна на 26 и 27 март, а двојките ќе бидат одредени по пат на ждребка, без носители.