Кошаркарскиот Куп ќе се игра во Гевгелија
08.01.2016 13:24
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Кожув ќе биде организатор на Купот на Македонија за оваа сезона.

Тие беа единствениот кандидат кој се пријави за оргнизација на овогодинешниот Куп. Во Куп натпреварите ќе играат осумте екипи од Првата кошаркарска лига, а паровите ќе бидат познати по одигрување на мини плеј-оф, односно ќе се игра по системот (1-8, 2-7, 3-6, 4-5).
Во женска конкуренција ќе играат најдобро пласираните четири екипи во првиот дел од првенството.
Купот на Македонија ќе се игра од 19.02.2016 до 21.02.2016.
Фото: (https://www.facebook.com/Kozuv/)