Костовски, Караџовски и Караколев остануваат верни на Куманово
01.09.2016 12:01
| KumanovoNews
Екипата на Куманово полека но сигурно успева да го задржи костурот домашни кошаркари кои ги бранеа боите на клубот и минатата сезона.

Александар Костосвки, Димитар Караџовски и Никола Караколев остануваат кошаркари на КК Куманово. Оваа информација e потврдена на официјалната фејсбук страна на клубот. Сега следува атак на останатите домашни кошаркари со кои Куманово би направило конкурентен клуб за новата сезона, за да подоцна се врти кон странски засилувања.
Потписот на трите кошаркари, потврдата за настап во БИБЛ лигата ги потврдува високите амбиции на Куманово и за оваа сезона.