×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • "Костури" со четврта победа во флаг лигата во Бугарија

    04.04.2024 15:15 | Теодора Стоевска

    Единствениот македонски клуб - "Костури" Куманово (Kumanovo Skeletons), кој се натпреварува во бугарската флаг лига, викендов во Софија ја отвари својата четврта победа, од исто толку одиграни натпревари во пролетниот дел на сезоната. 

     

    "Костури" со четврта победа во флаг лигата во Бугарија

    Во сабота, првата победа била против тимот Пловдив Рејвнс со резултат 50-2, вториот со 54-6, третиот со Софија Кавалирс со резултат 40-6 и последниот со Шумен Риперс со резултат 81-6. Со тоа успешно го завршиле првото коло од бугарската лига. Второто коло ќе се игра на 28 април во Пловдив, Бугарија.

    Кумановските "Костури" се прво и единствено спортско здружение во флег фудбал во Македонија. Тоа е спорт кој е случен на американски фудбал, но спротивставените играчи немаат контакт. Поради високите резултати кумановската екипа има шанси да се стекне со право за учество на Летните олимписки игри во 2028 година во Лос Анџелес. 

    „Регистрирани сме во мај 2022 година и во моментов имаме 15 члена, од кои најмладиот има 17, а најстариот 38 години. Отворени се за сите кои сакаат да станат дел од нашиот тим, кои сакаат да се запознаат со флег фудбалот, без разлика дали женски или машки, иако моментално сме само машки. Доколку има заинтересирани може да се формира и женски тим“, велат од клубот.

    Тренираат два пати неделно, а бидејќи немаат свој терен тоа го прават на терените во село Речица, Доброшане како и во скопско Трубарево, бидејќи имаат и членови од Скопје, па заедничките тренинзи ги одржуваат една недела во Куманово, една во Скопје.

    Поради тоа што се единствен клуб од овој спорт спорт и нема македонска лига, засега се натпреваруваат само на меѓународни турнири каде што ја претставуваат нашата земја, и во српската и бугарска лига.

    „Можеби најголемиот предизвик за нас беше турнирот „Адриа Боул“ одржан лани во Ровињ, Хрватска, како турнир кој важи за најдобрите пет во Европа, а на кој освоивме деветто место од вкупно 21 екипа“, вели Бојан Стојановиќ, еден од основачите на клубот.

     Клубот зад себе има и два меѓународни турнири во Бугарија во Софија и во Стара Загора со одличен резултат и на двата освоиле второ место од вкупно осум екипи. Исто така имаат освоено прво место на божиќен турнир на „Софија Беарс“ во декември 2023. Летото 2023 година учествувале и на неколку културни настани како Графити фест во Куманово, Д-фест во Дојран со цел да го промовираат флег фудбалот, за да се прошири и во другите градови во Македонија. Само така сметаат дека ќе се формираат повеќе вакви клубови, национална лига, репрезентација со што ќе можат да се натпреваруваат на европски и светски првенства.

    „Во периодот што следи имаат активна агенда со натпревари, ќе учествуваат на вкупно седум турнири и националните лиги на Србија и Бугарија“, велат од клубот.