Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На државен натпревар во атлетика, кој викендов се оддржа во Скопје, учениците од ОУ “Крсте Мисирков“ освоиа 11 медали, од кои 4 златни, 6 сребрени и 1 бронзен медал.
Во категорија трчање на 100 и 300 метри Милан Вељковиќ освои златен и два сребрени медали, а Михајло Николовски исто така злато на 800 метри.
Најдобар ва фрлање ѓуле е Пепи Петковски, а за скок во височина Марко Јаневски. Сребрен медал за фрлање ѓуле доби Давид Николовски, а за трчање на 4х100 метро сребрени медали освоија Денис Денковски и Габриел Ивановски. Бронза за фрлање ѓуле освои Дајана Илиевска.
Четворица од најдобрите ќе учествуваат на спортски камп во Охрид кој ќе трае 7 дена.
На овој државен натпревар учествуваа 200 ученици.