Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 20 навивачи на кошаркарски клуб Куманово, синоќа истепале вработен на бензинската пумпа на Окта во селото Рженичино, затоа што сакал да ги спречи да земат производи без да платат.
Инцидентот се случил во 21.50 часот, кога навивачите се враќале од натпреварот со комби, при што застанале на пумпата да се одморат. Тие влегле во продавницата и одзеле разни артикли, а при обид да ги спречат вработените К.Ј.(20) и Б.А.(27), навивачите гo нападнале Б.A. нанесувајќи му телесни повреди, по што си заминале.
Во 22,10 часот, на наплатната рампа „Романовце“, комбето со навивачи е сопрено и истите се приведени во ПС Кисела Вода за целосно расчистување на случајот.
Вработениот на бензинската Б.А. е пренесен во Ургентниот центар во Скопје за укажување лекарска помош.
По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.