×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумани: Нашиот трофеј е во нашите срца

    28.05.2016 18:33 | KumanovoNews

    По синоќешниот инцидент на натпреварот Куманово-МЗТ, кога повеќе лица беа поврдени, се огласи и навивачката група Кумани.

    Кумани: Нашиот трофеј е во нашите срца

    Во соопштението објавено на нивниот ФБ профил, се вели дека тоа што синоќа се случи во спортската сала е голем срам за Кошаркарската федерација на Македонија и полицијата.

    „Невини луѓе, мајки и деца беа тепани од нашите “херои“ специјалци. Деца кои дошле да се радуваат на титулата, а однесоа трауми дома. Џабе ви е се, никогаш нема да ја осетите нашата љубов кон клубот. Ние излеговме победници, нашиот трофеј е во нашите срца. Браво за наши херои, тие се наши победници, - стои во објавата.

     Кумани прашуваат зошто полицијата не применила иста сила кога гореше стадионот „Филип Втори“ во Скопје од навивачката група Балисти, туку бруталноста ја покажала само во Куманово. На крај навивачите ги повикаа своите членови, сите 5000 да отидат кога ќе се закаже судењето на нивните приведени колеги и со тоа да покажат дека сите биле присутни на големиот срам.