Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот клуб за Бразилска Џиу Џица, „Стронгест енд рутс“ продолжува со учеството на еминентни меѓународни турнири.
Никола Петрушевски и Стефан Лучиќ во недела ќе настапат на турнир во Ниш, кој е во организација на на Клубот „Рио Граплинг“ од Ниш.
Турнирот се одржува во недела под име Ниш БЏЏ Опен 2016. На него ќе земат учествто Балканските земји. Куманово ќе има двајца претставници, Никола Петрушевски и Стефан Лучиќ кои ќе се натпреваруваат со бел појас. Момците тренираат напорно, очекуваме добар резултат - изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот.
Минатата недела Стефановски имаше успешен настап на меѓународен турнир во Загреб, каде што се закити со сребрен медал меѓу плавите појаси.
Во Загреб се одржа Источно Европско првенство во БЏЏ, имаше учесници од Балканот и од Европските земји. Тој беше во организација на Хрватската федерација на Бразилска Џиу Џица. Јас во силна конкуренција, неочекувано успејав да се закитам со сребрен медал. Тоа е голем успех за нашиот клуб и се надевам дека ќе продолжиме да бележиме успеси во останатиот дел од сезоната - заклучи Стефановски.