Кумановец ќе го менува Самарџиски во репрезентацијата
03.06.2016 10:44
| KumanovoNews
Марко Дујковиќ, еден од највисоките кошаркари во Европа од денеска е македонски репрезентативец и ќе биде дел од следните подготовки на македонската репрезентација.

26.годишниот Дујковиќ е роден во Куманово, неговата мајка е Македонка, со што тој има право да настапува за нашата репрезентација. Тој треба да ја пополни центарската позиција која е критична за нашата репрезентација а воедно Македонија ќе има право да ангажира еден Американец кој веројатно би играл на бековската позиција.
Дјуковиќ настапува за тимот на Олимпија од Тбилиси во Грузија, а досега настапувал за Металац од Ваљево и КК Босна.