Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кик бокс клубот Куманово 2006 спремно го дочекува државното првенство во кик-бокс и ММА дисциплини.
Настанот е во огранизација на кик-бокс федерацијата на Македонија а ќе се одржи во недела на скопскиот саем.
За Куманово 2006 ќе настапи со Филип Наковски кој ќе се бори во категоријата К-1 до 86 килограми, а во ММА ќе настапат Емилио Величковиќ до 93 килограми, Емил Ставревски до 77 килограми и Немања Спасовски до 70 килограми.
Од клубот изјавија дека ги одработиле подготовките на тактички, технички и физички план, за што ги искористиле просториите во салата и градскиот базен. Тие ги повикаа сите љубители да пружат подршка на кумановските натпреварувачи.