Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кик-бокс клубот Куманово 2006 изминатиот викенд имаше успешен настап на првенство во ММА дисциплини кое се одржа во Прилеп.
За Куманово настапија Емилио Богатиновски кој забележа победа во категорија до 84 килограми за јуниори, додека Милош Делевски загуби во категоријата до 66 килограми.
Од клубот изјавија дека се задоволни со резултатите, и дека ова е големо искуство за младите борци.
Тренерот Сашо Илиевски, кој е претседател и тренер на клубот „Куманово 2006“ од страна на организаторот доби плакета за долгогодишна успешна работа во кик бокс и ММА и афирмација на овој спорт во градот и државата.