Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово денеска го пречекува тимот на Работнички и со победа ќе ја заврши четвртфиналната серија со најтрофејниот македонски клуб.
Работнички направи изненадување на минатото гостување во Куманово, а денеска сигурно ќе се обидат да се изборат за „мајсторка“ која ги носи последен натпревар од серијата на домашен терен. Во последниот дуел, центарци личеа на екипата која ги приреди најголемите изнендувања во домашното првенство но подоцна падна нивната игра и Куманово забележа победа која ги носи можност за конечна разврска на серијата.
Проблем за Куманово е и повредата на Игор Бјелиќ за кој оваа сезона е дефинитивно завршена. Бјелиќ имаше проблеми со коленото во текот на целата сезона, а од денеска Србиновски дефинитивно нема да може да смета на Црногорецот. Куманово доколку одигра така како што знае на домашен терен, тогаш сигурно е дека Работнички нема да има многу шанси, и ќе закажат полуфинален дуел со тимот на Карпош Соколи.
Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.