Куманово четвртопласиран во БИБЛ Лигата
21.04.2013 17:49
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово загубија во натпреварот за трето место од домаќинот на турнирот Рилски спортист со резултат 85-77.

Во малото финале кумановчани изиграа лоша втора четвртина по што немаа сили за враќање на резултатската неизвесност. Сепак плсаманот меѓу најдобрите четири во дебитантската сезона за Куманово е одличен успех.
Најефикасен на натпреварот беше Христо Захариев со 25 постигнати поени, додека во Куманово Луковиќ постигна 23 поени и Ли со 22 поени а изостануваше Костовски кој постигна само 6 поени.