Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа на гостувањето против Карпош Соколи и обезбедија место во финалето на кошаркарското првенство втора година по ред.
Соколи ја испуштија и втората меч топка во оваа серија. Не успејаа да ја искористат предноста на домашниот терен и оваа година ќе гледаме реприза на минатогодишното финале. Куманово имаше водство во текот на целиот натпревар, имаа 50% успешност од линијата за три поени (12/24) и со играта на гостински терен заслужено обезбедија место во големото финале каде што ги чека тимот на МЗТ Скопје Аеродром.
Александар Костовски со 21 поен и 8 асистенции е најефикасен поединец на мечот. Кај гостите Филип Шепа постигна 17 поени.
По победата следуваше големо славје на кошаркарите, кои од денеска ќе треба да се подготвуваат за финалето против големиот ривал МЗТ Скопје.