Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во 19:30 ќе се обидат да ја изедначат серијата против Карпош Соколи.
Ривалството меѓу овие два клуба се разви минатата сезона поради ненавремената трансформација на Соколи, по што првенството беше одложено неколку пати, а Куманово бараше службена победа против тимот од Карпош. Дуелите на Куманово и Соколи не разочаруваат, па така и после првиот меч добивме војна надвор од теренот. Судиите не успејаа да ги смират страстите на двете екипи, по што следуваше ескалација на ситуацијата на крајот од мечот. Бојан Трајовски доби суспензија од еден натпревар или парична казна, меѓутоа според информациите Куманово ќе плати за да го има крилниот центар на располагање на денешниот натпревар.
Денеска Куманово ќе се обиде да го искористи жешкиот домашен терен за да ја израмни серијата и подоцна да се обиде на гостински терен да забележи победа со која ќе стекне предност на домашен терен. Доколку загубат, Соколи ќе ја имаат првата меч топка веќе следниот натпревар во салата Борис Трајковски.
Натпреварот се игра во Спортксата сала со почеток во 19:30.