Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала го пречекуваат актуелниот освојувач на Купот на Македнија, тимот на Карпош Соколи.
После стартните два пораза во двете натпреварувања, Куманово одигра два натпревара во кои забележа две победи. Тимот на Соколи оствари победа против МЗТ Скопје во првото коло, со што директно истакна дека е еден од главните кандидати за највисок пласман оваа сезона.
Куманово и Карпош Соколи изминатите сезони стекнаа големо ривалство, а дуелите секогаш се полни со неизвесност и изненадувања.
Во останатите натпревари од Првата кошаркарска лига се среќаваат, Шкупи - Блокотехна, Фени Индустри - АВ Охрид, Пелистер - Гостивар, Кожув - Работнички и Струмица - МЗТ Скопје.
Натпреварот започнува во 19 часот.