Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре го играат првиот натпревар од завршницата на домашното првенство. Одкако Карпош Соколи победија против МЗТ Скопје и ја задржаа втората позиција, Куманово утре го пречекува тимот на Работнички.
Кумановчани во текот на сезоната победија на сите натпревари против најтрофејниот македонски клуб, па затоа и ќе имаат стартна предност од 1-0 во четвртфиналната фаза од оваа натпреварување.
Вториот натпревар ќе се игра во петок во Градски парк, а доколку Работнички направи изненадување, четвртиот и петтиот натпревар се закажани за трети односно шести мај.
Натпреварот започнува во 19 часот.