Куманово го декласираше Вардар
19.12.2016 11:37
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово остварија убедлива победа против тимот на Вардар со резултат 67-92.

Куманово имаше водство речиси на целиот натпревар, а победникот беше јасен уште во втората четвртина кога Куманово достигна максимални 30 поени разлика.
Данило Мијатовиќ со 27 поени беше најефикасен играч на натпреварот.
Следниот натпревар Куманово го игра против Струмица на домашен терен.