Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа против тимот на АВ Охрид со резултат 90-96 со што обезбедија место во завршницата од домашното првенство.
Куманово имаше лош старт на натпреварот и се чинеше дека Охрид е екипата која повторно ќе извојува победа. Сепак гостите се разбудија во продолжението и успеаа да ја анулираат негативата а подоцна и рутинирано да поведат на мечот. Тројките на Марјан Јаневски беа клучни кога се кршеше резултатот и со вкупно 24 поени е најефикасен поединец кај победникот. Никола Караколев постигна 19 поени, Александар Штерјов го заврши натпреварот со 14 поени а Ковач и Мекиќ постигнаа 11 коша.
Куманово обезбеди место помеѓу најдобрите четири екпи оваа сезона кои ќе го продолжат натпреварувањето во Плеј-оф, заедно со Работнички, Блокотехна и МЗТ Скопје.