Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако почетокот на Првата лига сеуште е незивесен, утре ќе се одигра првиот официјален натпревар помеѓу два македонски клуба во натпреварувачкиот дел од сезоната. Куманово го пречекува реформираниот тим на Кожув.
Куманово забележа две победи во досегашниот дел од БИБЛ првенството а Кожув забележа една победа и има два пораза во досегашниот дел од првенството. Во меѓувреме, кумановчани ја одржуваа формата со пријателски натпревари претежно со тимот на Струмица додека Кожув играше со Охрид.
Конфликтот во домашното првенство го одолжи почнувањето на сезоната, па овој натпревар сигуро ќе привлече големо внимание на домашната кошаркарска сцена.
Натпреварот се игра во вторник во Спортската сала во Куманово и започнува во 19 часот.